Универзитетот се обидува сите овие години, покрај она што претставува настава и истражување, да го збогати студентскиот живот со спортски и културни активности. Овој спортски центар, кој според мене е можеби еден од подобрите не само во Македонија туку и пошироко, им дава можност на младите луѓе на Универзитетот, но и надвор од него, да се вклучат во спортските и културните активности на УГД.
Повеќе од илјада студенти од сите факултети во изминатите денови беа вклучени во повеќе спортски натпревари. Голем дел од активностите се реализираат и во дригуте наставни центри на УГД. Универзитетот обезбеди медали и признанија за најдобрите и сакаме ова да биде на едно пристојно ниво, студентите да почувствуваат дека УГД се грижи за нивизјави за наставана УГД, проф. д-р Кирил Барбареев
Спортските актвивности за јубилејот 10 години УГД ќе кулминираат со трката „Со велосипед на факултет“, која ќе се одржи во недела (26 март) и ќе има меѓународен карактер.
Велосипедската трка „Со велосипед на факултет“ ќе има меѓународен карактер. Во петок ќе имаме прес-конференција на која ќе присуствуваат и претставници на Велосипедската федерација. Ги повикуваме и граѓаните да се вклучат во трката која треба да ја подигне свеста за зачувување на околината и не е само од натпреварувачки карактер, туку има многу пошироки димензии. Затоа се вклучени и децата од предучилишно, основно и средно образование, и сите кои сакаат да дадат придонес на ова што го прави Универзитетотизјави Барбареев
Еве ги и најдобрите на Универзитетските спортски игри:
Пинг-понг:
1.Игор Саздов, Факултет за информатика
2.Костадин Барбарејски, ФМН
3.Дарко Мирчевски, Димитар Гошев, ФМН.
Мал фудбал:
1.Правен факултет
2.Факултет за информатика
3.ФМН – Општа медицина.
Одбојка – мажи:
1.ФМН – Општа медицина
2.Факултет за информатика
3.ФМН Физиотерапевти.
Одбојка – жени
1.Правен факултет
2.Електротехнички факултет.
Кошарка – мажи:
1.Економски факултет
2.ФМН - Стоматологија
3.Електротехнички факултет.
Кошарка – жени:
1.Електротехнички факултет
2.ФМН.
Ракомет:
1.ФМН
2.Архитектура
3.Факултет за информатика.