Приказ на предметите според таг: УГД Живот
УГД со сертификат за најдобро искористување на Еразмус + програмта
Универзитетот „Гоце Делчев“ доби признание за најдобри практики во однос на реализација на програмата Еразмус +. УГД во тактот на 2016 година е еден од најуспешните универзитети во реализација на сите доделени апликации. Голем број студенти од УГД заминуваат на Еразмус и таа бројка секоја година се зголемува.
Учителите го менуваат светот
Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ од четврток, 22 декември, започнува со манифестација која треба да прерасне во една убава традиција, преку која ќе ги обедини сите образовни факултети во Р.Македонија. Станува збор за инспиративни говори на студенти и учители, а мотото на манифестацијата е „Учителите го менуваат светот“.
Научна конференција за актуелни политички и безбедности теми во организација на Правен факултет
На 15 и 16 декември 2016 година, во хотел „Инекс Горица“ – Охрид се одржа Меѓународна научна конференцијата „Современите концепти на кризниот менаџмент“ во организација на Центарот за управување со кризи, заедно со Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот „Џонс Хопкинс“ (”Johns Hopkins“), Факултетот за образовни науки (САД), како и Универзитетот „Колеџи Бизнеси“ (”Kolegji Biznesi“) – Приштина, а со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.
(Видео) Меморандум за соработка помеѓу УГД и Советот за јавни набавки на РМ
Универзитетот „Гоце Делчев“ и Советот за јавни набавки ја зацврстуваат својата соработка, а за таа намена потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, и претседателот на Советот за јавни набавки, Борче Христов, на средбата што се одржа во Ректоратот на УГД.
Kонцерт на гудачкиот квартет на Ансамблот „Контемпора” на ФМУ во Штип
Во рамките на Фестивалот на современа балканска музика, кој ќе се одржи во Штип во организација на СОКОМ и Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип (поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија), ќе настапи Ансамблот за современа музика на СОКОМ „Контемпора“ со три целовечерни концерти.