Овој договор е во насока на подобра имплементација на Законот за јавни набавки, бидејќи ние како универзитет сме јавна установа која многу зависи од имплементацијата на овие законски регулативи. Мислам дека секоја поддршка од Советот за јавни набавки на Р.Македонија во насока на укажување во делот на технички спецификации, на спроведување на Законот за нас е добредојдена и претставува добра можност да воспоставиме добра соработка, сѐ во насока на обезбедување поправилна и побрза имплементација на Законот за јавни набавки, бидејќи од нив зависи работењето на Универзитетот и неговите единици, па и потребите на студентите се артикулираат во делот на јавните набавки за набавка на опрема, лабораториски материјали, потрошни и канцелариски материјали, услуги од различен тип за пракса на студентите... изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.
За претседателот на Советот за јавни набавки на РМ, Борче Христов, потпишувањето на Меморандумот е во насока на подобрување на целокупниот систем за јавни набавки:
- Бидејќи Универзитетот е високообразовна институција, каде што ќе разменуваме различни искуства во делот на јавните набавки корисни и за студентите на УГД кои ги изучуваат јавните набавки, понатаму ќе имаме и доедукација на економските оператори и договорните органи. Во соработка со Универзитетот, секако, се надеваме и на поквалитетни решенија кога ќе треба да се менуваат и приспособуваат законските решенија за јавните набавки изјави Христов.
Претставниците на Советот за јавни набавки на Р.Македонија одржаа и интерактивна работилница со студентите на УГД.
Видео