Kонцерт на гудачкиот квартет на Ансамблот „Контемпора” на ФМУ во Штип

Во рамките на Фестивалот на современа балканска музика, кој ќе се одржи во Штип во организација на СОКОМ и Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип (поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија), ќе настапи Ансамблот за современа музика на СОКОМ  „Контемпора“ со три целовечерни концерти.

Концертот ќе се одржи во концертната сала на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип на  14 декември (среда) со почеток во 18 часот.

На програмата се дела од Стојан Стојков, Јана Андреевска, Панде Шахов, Валентина Велковска-Трајановска, Дубравко Детони (Хрватска) и Сања Дракулиќ (Хрватска).

Фестивалот на современа балканска музика е во организација на СОКОМ и Музичката академија при УГД - Штип, а поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија. Фестивалот е конципиран со три концерти на Ансамблот за современа музика „Контемпора“ на кои ќе бидат претставени првенствено дела на македонските композитори, но и дополнети со творештвото на композитори од неколку балкански земји. Ансамблот за современа музика „Контемпора“ е формиран во 2014 година од страна на Сојузот на композиторите на Р. Македонија, со цел да бидат што почесто изведувани и промовирани нови дела од македонски автори. Во изминатите неколку години од своето основање, ансамблот има остварено турнеи во Холандија, Белгија, Австрија и има одржано бројни концерти во Р. Македонија. Ансамблот има реализирано и повеќе студиски снимки на новосоздадени дела од композитори од САД, Италија, Индонезија и од Иран, а во својот досегашен репертоар има претставено преку педесет дела на автори од Р. Македонија.

Последен пат изменето на Среда, 14 Декември 2016 13:56
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…