УГД со сертификат за најдобро искористување на Еразмус + програмта

Универзитетот „Гоце Делчев“ доби признание за најдобри практики во однос на реализација на програмата Еразмус +. УГД во тактот на 2016 година е еден од најуспешните универзитети во реализација на сите доделени апликации. Голем број студенти од УГД заминуваат на Еразмус и таа бројка секоја година се зголемува.

Во рамките на конференцијата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Универзитетот имаше и своја презентација со цел да ги сподели своите искуства во искористувањето на поволностите од овие програми.

На конференцијата беше истакнато дека покрај „Еразмус плус“, стратешка цел на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е да биде одговорна и во своја надлежност да ги преземе и останатите европски иницијативи и мрежи од областа на образованието, обуката и младите. Националната агенција ги имплементира европските иницијативи од областа на образованието и младите: Еуропас, Еуродеск, Евридика, Еурогајденс, еТвининг, ЕкВет и Јут.

Последен пат изменето на Среда, 21 Декември 2016 08:58
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…