Приказ на предметите според таг: УГД Живот

Во изминатиот период на Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија, во рамки на предметите Претприемништво и Сметководство, се одржа предавање на тема „Законска регулатива за извршување на сметководство и спроведување на ревизија во Република Македонија“  од страна на м-р Ивана Петрова и предавач Здравко Петров - основач и управител на Друштвото за ревизија и консалтинг „Трио консалтинг” ДОО Гевгелија. Предавањето е во организација на предметниот професор доц. д-р Марија Магдинчева-Шопова.

Објавено во УГД Живот

Амбасадорите на Франција и на Египет денеска беа во посебни посети кај ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ и разговараа за можната соработка меѓу УГД и овие институции.

Амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристиан Тимоние, истакна дека тие планираат соработка во делот на изучување на францускиот јазик и култура, но и во размена на студенти меѓу двете држави.

Објавено во УГД Живот

Со цел да се интензивира соработката меѓу Факултетот по педагогија при Универзитетот „Неофит Рилски“ во Благоевград, Р. Бугарија, и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се одржa тркалезна маса на тема „Професионален и кариерен развој на учителите, директорите и останатите педагошки специјалисти“ во која учествуваа по седум професори и асистенти од двата факултети. Како претставници на ФОН на тркалезната маса учествуваа проф. д-р Соња Петровска, како и проф. д-р Блажо Китанов, Никола Смилков, Стеван Алексоски, Снежана Ј. Митковска, Снежана Мирасчиева, Емилија П.Ѓорѓева, Кирил Барбареев, доц. д-р Деспина Сивеска и ас. док. Јадранка Рунчева.

Објавено во УГД Живот
Среда, 16 Ноември 2016 14:59

(Видео) Традицијата оживува

Традицијата оживеа во амбиентот на Музејот во Штип, преку мултимедијален настан кој ги прикажа социјалните аспекти на женските носии од етничкиот предел Долни Полог. Автор на ревијата „Традицијата оживува“ е студентот на Музичката академија при УГД Бојан Петковски, кој покрај презентацијата на народни носии што се носеле во овој регион, преку мултимедијален музичко-актерски израз го долови и начинот на живот во минатото, преку приказна за тоа која носија во која пригода се носела – за веселби, за тажачки...

Објавено во УГД Живот
Понеделник, 14 Ноември 2016 13:22

ФПТН коорганизатор на „Подекс повекс 2016“

Од 11 до 13 ноември 2016 година, во хотелот „Сириус“ во Струмица се одржа деветтото Стручно советување од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини „Подекс – повекс“. Организатор на ова советување е Здружението на рударски и геолошки инженери на Република Македонија, а коорганизатор Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип - Факултетот за природни и технички науки. На советувањето беа презентирани новите техничко-технолошки достигнувања и остварените производни резултати во подземната и површинската експлоатација на корисни минерални суровини, беше направен реален пресек на состојбите во подземните рудници за производство на олово и цинк и други минерални суровини, реален пресек на состојбите во површинските рудници за производство на бакар и други металични и неметалични минерални суровини, а беа дадени и основните насоки и перспективи за понатамошен развој на технологиите за подземно и површинско откопување на минералните суровини.

Објавено во УГД Живот
Страница 102 од 144
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…