Приказ на предметите според таг: УГД Живот
Нови услуги за студентите преку PayNet Македонија
Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип во соработка со PayNet Македонија имплементираше систем за брзо, едноставно и безбедно плаќање на сите видови надоместоци за студирање преку терминали за наплата, со цел унапредување и поедноставување на услугите што им се овозможуваат на студентите.
(Видео) Пет правни факултети се натпреваруваа во симулирано судење
Педесетина студенти од пет правни факултети во Р. Македонија денеска во судницата на Правниот факултет имаа неколку симулирани судења од предметот Кривично право.
Предавање: Емоционалната интелигенција и стресот во изборот на однесувањето
„Учење на асертивно однесување - Емоционалната интелигенција и стресот во изборот на однесувањето“ е тема на предавањето кое во среда, 7 декември 2016 година, ќе се одржи во свечената сала на Правниот факултет на УГД.
Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип го презентираше електронскиот индекс на Microsoft Vizija: Reloaded, 2016
Во рамките на најголемата меѓународна ИКТ конференција во Република Македонија, која на годишно ниво ја организира Microsoft Macedonia, позната годинава под името Microsoft Vizija: Reloaded, 2016, која се одржа на 16 и 17 ноември во Хотел „Мериот“ во Скопје, активно учество имаше и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.
(Видео) Идентитетот низ историјата – „Немуслиманите во Османлиската Империја и идентитетот“
Катедрата за историја и археологија на Факултетот за образовни науки при УГД организира серија предавања за идентитетот низ историјата. Во рамките на овој серијал од предавања, пред студентите свое предавање имаше проф. д-р Драги Ѓорѓиев, дописен член на МАНУ, кој говореше на тема „Немуслиманите во Османлиската Империја и идентитетот“. Според проф. д-р Ѓорѓиев, борбата за независност и самостојност која денес ја има македонскиот народ започнала токму во 19 век, во времето на владеењето на османлиите на Балканот.