Приказ на предметите според таг: УГД Живот

Универзитетското радио УГД ФМ одбележа седум години од своето постоење. Седмиот роденден беше одбележан со коктел во просториите на УГД ФМ, на кој беа присутни студенти-соработници во радиото, новинарите од локалните и од регионални медиуми, како и раководството на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Објавено во УГД Живот

Вклучувањето на експерти од струката, како и соработката со институции од областа на економијата, финансиите и менаџментот е значаен дел од наставно-научниот процес на Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Објавено во УГД Живот

Проф. д-р Јерг Елзенбах, директор на компанијата „Дрекселмајер“, денеска одржа предавање пред студентите на Електротехнички факултет при УГД и практично заедно работеа на решавање на реални проблеми. Професорот Елзенбах истакна дека студентите имаат одлично теоретско познавање, но за во производствените капацитет им се потребни способности за решавање на проблемите кои се стекнуваат со практични вежби. Елзенбах вели преку овие предавања ќе се обучуваат студентите оперативно да ги применат знаењата кои ги имаат.

Објавено во УГД Живот

Студентите на студиската програма Новинарство, како и студентите на Правниот факултет, имаа можност да се запознаат со работата на Советот за етика во медиумите во Македонија. Претставници на СЕММ беа во посета на УГД, при што го промовираа принципот на саморегулација, досегашните искуства на Советот за етика и соработката со слични тела во меѓународни рамки.

Објавено во УГД Живот
Среда, 28 Септември 2016 15:07

Започна Корејскиот камп на УГД

Со многу активности за запознавање со корејската култура, традиција, храна и обичаи започна Корејскиот камп на УГД. Кампот се одржува во Мултимедијалниот центар на УГД, а ќе трае два дена.

Објавено во УГД Живот
Страница 105 од 144
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…