Започна Корејскиот камп на УГД

Со многу активности за запознавање со корејската култура, традиција, храна и обичаи започна Корејскиот камп на УГД. Кампот се одржува во Мултимедијалниот центар на УГД, а ќе трае два дена.

Нашата организација има претставништва во цел свет, имаме претставништва во 86 земји во кои го организираме овој глобален настан. Моментално Корејците се соочуваат со многу проблеми и поради тоа ние вложуваме многу време барајќи начин како да ги решиме таквите проблеми. Почнавме како камп кој им влева надеж на безнадежните млади луѓе. Овој камп ги смени животите на многу млади луѓе ширум светот. Многу од младите луѓе кои му пристапија на кампот заминаа од овде со надеж во своите срца. Го создадовме овој камп за да поттикнеме правилна состојба на умот кај младите. Преку кампот сакаме младите да научат како да имаат добро срце и правилна состојба на умот. Овде во Штип имавме можност да работиме со волонтерите и таквата помош од локалните волонтери ни е многу важна. Преку кампот соработуваме со луѓе од многу земји, а студентите во Штип покажаа дека се навистина заинтересирани да ни помогнат. Верувам и се надевам дека програмата што ја спроведуваме овде ќе им помогне на студентите да се променат и да израснат во подобри личностиистакна Ван Ши Конг, директор на Интернационалната младинска организација, организатор на Корејскиот камп во Штип

Од УГД истакнаа дека првпат во Македонија оваа организација го прави овој камп и тоа токму во Штип. Кампот содржи многу активности за поттикнување на креативноста кај младите, но и запознавање со културата на Кореја.

Оваа организација дојде кај нас со цел да направи работилница за претставување на корејската култура и традиција, од што се изроди идејата за да се направи поголема активност како што е Корејскиот камп. За ова беа ангажирани 20 студенти-волонтери и беа направени повеќе работилници за овие два дена колку што ќе трае кампот. Ќе има различни работилници: учење на нивната традиција, култура, храна итн. Ќе се презентираат нивните боречки вештини и нивната храна и се надеваме дека ќе си поминат забавно младите луѓе од УГДистакна Дијана Насева од Универзитетот „Гоце Делчев“

На кампот во Штип присуствуваат дваестина Корејци. Двајца се дојдени директно од Кореја, а останатите доаѓаат од гранките на организацијата од околните држави. Корејскиот камп се одржува денес и утре во Мултимедијалниот центар на УГД.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…