Ние сме овде да укажеме дека состојбите во новинарството во овој момент се катастрофални, тоа не е само наша проценка, туку проценка и на сите оние кои од страна го набљудуваат новинарството, и како Совет за етика сакаме да ги потсетиме токму студентите, оние идни наши новинари, комуниколози дека во новинарството постојат правила, се знае како се информира, слободата не значи само по себе да зборуваш сѐ и сешто, туку точно, информирани, избалансирано, без говор на омраза, без хушкање, слободно да ги одбираш темите, но не слободно да ја злоупотребуваш професијата. Токму заради тоа ја правиме оваа акција, ќе поминеме на сите универзитети, за сите оние кои сакаат да слушнат што е професионално новинарство, што е професионално информирање, што е работа по етичкиот, новинарскиот кодекс. Тоа е нашата цел, колку ќе успееме, веројатно сликата ќе ја имаме подоцна, кога овие млади луѓе, засега неизвалкани, неизбоени со различни интереси ќе почнат да ја практицираат професијатаизјави Драган Антоновски, претседател на УО на СЕММ
Според професорот Андон Мајхошев, посетата на СЕММ на УГД е потврда за поврзаноста на теоријата и практиката.
Ова ќе биде и дополнување на она што го работиме на часовите, кога ја допираме проблематиката на саморегулацијата. Секогаш идзвојуваме еден час за да ја обработуваме оваа тема, која е важна за новинарството. Остануваме на тоа да имаме постојатни контакти со врвни професионални новинари што знаат што е тоа новинарска етика и ја практицираат, и ние како Факултет за новинарство и односи со јавноста сме отворени за соработка со сите тела од оваа област и со проефесионални новинари кои можат да ги пренесат искуствата од оваа областизјави Мајхошев
Пред студентите презентации имаа Драган Антоновски, претседател на УО на СЕММ, Мирче Адамчевски, претседател на Комисија за жалби, и Сефер Тахири и Филип Ѓурчиновски, членови на Комисијата за жалби.