Приказ на предметите според таг: УГД Живот
Институтот за стандардизација на РМ одржа гостинско предавање на ФТБЛ
Пред студентите од четврта година на Факултетот за туризам и бизнис логистика, во Наставниот центар – Скопје, се одржа предавање на тема „Улогата на Институтот за стандардизација за поддршка на македонскиот бизнис на европскиот и глобален пазар“.
(ВИДЕО) Студенти од Балканот ќе приготвуваат македонска храна со своите колеги од ФТБЛ
Околу 90 студенти од Балканот ќе бидат дел од Меѓународната конференција и работилница што ја организираат студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД. Конференцијата започнува следниот викенд (4.11.2016 г.) и ќе има предавања од страна на професори по туризам и угостителство од цела Европа. Професори дури од Велика Британија ќе присуствуваат во Скопје и ќе им го пренесат своето искуство на помладите колеги. Работилницата ќе се одвива по сесијата со предавања, а ќе вклучува приготвување на традиционални македонски јадења кои студентите од Балканот ќе ги прават со асистенција на своите колеги од Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД.
Сребро и бронза за студенти на ФТБЛ на „Македонија 2016“
На 18 и 19 октомври, во хала 4 на Скопскиот саем се одржа Првиот меѓународен гастрономски натпревар „Македонија 2016“.
Конференција за евроатлантските интегративни процеси на Правен факултет
На Правниот факултет при УГД се одржа втората работилница од проектот „Влијание на евроатлантските интегративни процеси на меѓуетничките односи во Република Македонија“, во организација на Евроатлантскиот совет на РМ. Ваква работилница претходно беше одржана и на Штуловиот универзитет во Тетово, а ќе се одржи и во кампусот на УГД во Струмица. Презентирани се резултатите од истражувањето на оваа тема, кое покажува зголемен процент на поддршка на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.
КЛИК поблиску до вашиот бизнис
Универзитетот „Гоце Делчев“ и Центарот за развој на Источниот плански регион се во завршната фаза од реализацијата на проектот „Бизнис центар – КЛИК поблиску до вашиот бизнис“.