Приказ на предметите според таг: УГД Живот
15 септември – прв академски час
Универзитетот „Гоце Делчев“ по повод одбележувањето на почетокот на студиската година традиционално го организира првиот академски час.
Трета меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“
Во организација на Центарот за правни и политички истражувања на Правниот факултет при УГД започна Третата меѓународна научна конференција, овој пат на тема „Општествените промени во глобалниот свет“. На Конференцијата ќе учествуваат учесници од повеќе држави, а според деканот на Правниот факултет, проф. д-р Јован Ананиев, ќе опфаќа неколку секции – право, политика, општество и комуникации.
Нов спортски терен за студентите на УГД
Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, и заменик-министерот за образование, Спиро Ристоски, денеска го посетија новиот спортски терен лоциран во универзитетскиот спортски комплекс, каде што е лоцирана Спортската сала „Јордан Мијалков“. Станува збор за инвестиција на УГД со која на студентите им се става на располагање повеќенаменско спортско игралиште, со покриени трибини и осветлување за организирање на натпревари во вечерните часови.
УГД за првпат организираше Летна школа за правници
Вкупно 45 студенти од правните факултети при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово учествуваа на првата Летна школа по кривично право и човекови права.
Студенти и професори од Русија во посета на УГД
Десетина студенти предводени од професори традиционално во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“. Станува збор за студенти од Медицинскиот факултет во Самара, Русија, со кого УГД долги години има соработка и разменува студенти. Тие денес беа примени од ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев, при што разговараа за соработката меѓу двата универзитета и идните планови.