Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, најави дека поддршката за УГД ФМ продолжува со новини кои ќе донесат и нов квалитет.
Ние ЦОЈ, во чиј состав се наоѓа УГД ФМ, чиј роденден е денеска, го поддржуваме без никаква задршка во поглед на тоа дали треба или не да се поддржува. Можам да најавам дека овде допрва ќе се развиваат нови содржини во поглед на презентација во медиумскиот простор, од него во иднина да излезе нешто уште поквалитетно од класично универзитетско радио. Ние нема да бидеме тие кои би го кочеле развојот на овој дел од ЦОЈ да прерасне во значаен информативен медиум во државата, и ние тоа ќе го поддржувамеизјави ректорот Боев
УГД ФМ и во наредниот период ќе остане место каде што студентите ќе можат да соработуваат, да ги реализираат своите афинитети за новинарство, водителство, и со тоа да придонесат во подобрување на информирањето за прашањата кои се битни за студентската популација.