Нов спортски терен за студентите на УГД

Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, и заменик-министерот за образование, Спиро Ристоски, денеска го посетија новиот спортски терен лоциран во универзитетскиот спортски комплекс, каде што е лоцирана Спортската сала „Јордан Мијалков“. Станува збор за инвестиција на УГД со која на студентите им се става на располагање повеќенаменско спортско игралиште, со покриени трибини и осветлување за организирање на натпревари во вечерните часови.

Ова игралиште е комплетна инвестиција на Универзитетот, навистина активност за поздравување, посебно со оглед на тоа што е во склоп на комплексот каде што е Спортската сала „Јордан Мијалков“. Навистина ќе придонесе за развој на спортот и спортските активности во рамките на Универзитетот, но и воопшто на градот Штип. Како што имам информации од раководството на УГД, освен за потребите на Универзитетот, овој спортски комплекс ќе се користи и од страна на населението, што навистина е потврда на целокупната општествена активност и одговорност што ја има УГД и неговото комплетно значење за целосниот развој на градот Штип и целиот овој регион во повеќе сегменти.  Со тоа уште еднаш се потврдува правилната одлука што Владата на РМ пред неполни десетина години ја донесе за да го формира овој Универзитет – изјави заменик-министерот за образование, Спиро Ристоски.

Ректорот на УГД го оцени новиот спортски терен како вистински потег и дел од заокружувањето на овој центар како место за спортски активности на студентите:

Ова е еден прекрасен објект за потребите на студентите на УГД, но и за граѓаните кои гравитираат кон овој дел од Штип. Ние како Универзитет имаме темелна определба во делот на спортот како важен дел од развојот на младите и во таа насока вложуваме многу во развојот на спортот на Универзитетот. За таа цел го изградивме ова игралиште во рамките на Спортската сала „Јордан Мијалков“, а ќе следува изградба и на неколку спортски содржини, така што ќе го заокружиме овој центар потполно во насока на тоа студентите да имаат добри места за спортска активности и рекреација.

Ректорот Боев одговори и на прашање за третманот на спортските клубови:

- Сите клубови кои се во рамките на Универзитетот настапуваат под името „УГД студент“ и тие како такви ќе продолжат и понатаму. Професионалните делови на спортот во градот Штип Универзитетот не може да ги артикулира, бидејќи тие се во друга сфера на спортот, а сето она што е во делот на студентите и студентските активности, Универзитетот ќе го поддржува и понатаму.

Последен пат изменето на Среда, 31 Август 2016 15:40
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…