Трета меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“

Во организација на Центарот за правни и политички истражувања на Правниот факултет при УГД започна Третата меѓународна научна конференција, овој пат на тема „Општествените промени во глобалниот свет“. На Конференцијата ќе учествуваат учесници од повеќе држави, а според деканот на Правниот факултет, проф. д-р Јован Ананиев, ќе опфаќа неколку секции – право, политика, општество и комуникации.

На Конференцијата ќе бидат разработени повеќе теми – владеење на правото, демократијата, човекови права, така што на многу непристрасен начин, со научна методологија сакаме да придонесеме кон креаторите на политиките во одделни земји, исто така за подобрување на правосудните системи не само во Македонија, туку и поширокоизјави деканот Ананиев

Правниот факултет секоја година ја организира оваа Меѓународна конференција во поглед на тоа што се случува во глобалниот свет и општествените промени во него. Мислам дека прави значаен придонес во развојот на правната мисла во државата и многу придонесува во поглед на она што значи правна легислатива, правна регулатива и формирање на граѓанско општество засновано на правотоизјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев

Во рамките на конференцијата ќе бидат презентирани седумдесетина трудови од автори од универзитетите во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија, Белгија и во Русија.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…