Приказ на предметите според таг: УГД Живот

Се информираат сите заинтересирани кандидати за упис на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип во согласност со објавениот КОНКУРС, дека освен на класичниот начин за пријавување на кандидати за  упис (глава X на КОНКУРСОТ) според кој кандидатот, на денот на пријавување е потребно да приложи физичка (купена) пријава за упис (од книжарниците на УГД) и соодветни (физички) уплатници за пријавување (заедно со сите други наведени документи во конкурсот), Универзитетот нуди можност и за електронско пријавување, со креирање на е-пријава од страна на кандидатот.

Објавено во УГД Живот

Универзитетот „Гоце Делчев“ со континуиран раст во светските рангирања на универзитети. На последното рангирање на репозиториумот на Универзитетот реномираната „Webometrics” го смести УГД на 145 позиција во Европа и на 319 место во светот. Пред УГД нема ниту еден универзитет од Балканот со што Универзитетот во Штип е нај напреден во оваа област во регионот.

Објавено во УГД Живот

Објавен е Конкурсот на програмата Фулбрајт за постдокторски студии, преку кој докторанди од Р. Македонија ќе можат да престојуваат на студиски престој на некоја од високообразовните установи во САД. Програмата  Фулбрајт ги покрива сите трошоци (Ј1 виза, авионски билет, сместување, студирање...) за целиот студиски престој во САД. Кандидатите одлучуваат колку време ќе престојуваат и од кој месец сакаат да им започне студискиот престој. Апликацијата и Конкурсот се на следниве линкови:

Објавено во УГД Живот

Студентите на Факултетот за медицински науки и годинава активно се вклучени во реализацијата на соработката што ја имаат Универзитетот „Гоце Делчев“ и Државниот медицински универзитет во Самара, Русија. 12 најдобри студенти од ФМН (4 од четврта и петта година на насоката Фармација, 4 од четврта и петта година на насоката Стоматологија и 4 од петта година на насоката Општа медицина) веќе десет дена престојуваат во Самара каде што извршуваат летна практична настава.

Објавено во УГД Живот

Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип објавува Повик за доставување на трудови за шестиот број на Годишен зборник на Правен факултет. За таа цел се покануваат и поттикнуваат сите научни работници од академската заедница, како и докторандите да учествуваат со свој ракопис во овогодишниот број на Годишен зборник.

Објавено во УГД Живот
Страница 110 од 144
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…