Во случај на електронско пријавување, потребно е да се следат следните чекори (објаснети целосно и во соодветното УПАТСТВО за користење на системот за електронско пријавување на кандидати):
- Кандидатот е потребно да се регистрира на системот (ЛИНК);
- Кандидатот е потребно да се најави на системот (ЛИНК);
- Кандидатот е потребно да креира нова е-пријава, во рамките на која е потребно да ги пополни формите за:
- Лични податоци, и
- Податоци за завршено средно образование;
- Кандидатот е потребно електронски да ги плати (еКомерција или еТакса (второво важи само за административната такса), во рамките на системот) трошоците за пријавување (да реализира две посебни е-уплати):
На име Други образовни такси |
На име Административна такса |
|
Студиски програми БЕЗ проверка на знаења |
300,00 денари |
50,00 денари |
Студиски програми СО проверка на знаења |
500,00 денари |
50,00 денари |
- По комплетирање на податоците и уплата на потребните средства (семафорот Платено на ниво на апликација да свети зелено), кандидатот е потребно да ја преземе и испечати апликацијата;
Нотација: Кандидатот може да ја креира и измени апликацијата за пријавување (реализира точките 1-5) најдоцна до моментот на приложување на документите за пријавување, заедно со испечатената е-апликација, а во било кој момент пред тоа (додека е отворен системот за пријавување на кандидати).
- Кандидатот е потребно да ја приложи испечатената е-апликација, заедно со другите документи опишани во главаX на КОНКУРСОТ (оригинални свидетелства, диплома за положена матура / свидетелство за завршено средно образование, извод, државјанство и други документи по потреба) при пријавувањето, во наменските рокови за пријавување:
Прв уписен рок |
Втор уписен рок |
Трет уписен рок |
15, 16, 17 август, 2016 |
25, 26 август, 2016 |
5, 6 септември, 2016 |