Студенти од ФМН престојуваат во Самара, Русија

Студентите на Факултетот за медицински науки и годинава активно се вклучени во реализацијата на соработката што ја имаат Универзитетот „Гоце Делчев“ и Државниот медицински универзитет во Самара, Русија. 12 најдобри студенти од ФМН (4 од четврта и петта година на насоката Фармација, 4 од четврта и петта година на насоката Стоматологија и 4 од петта година на насоката Општа медицина) веќе десет дена престојуваат во Самара каде што извршуваат летна практична настава.

Студентите ја извршуваат праксата во повеќе клиники, заводи, катедри, институти и аптеки, согласно со нивната студиска програма. Оваа размена на студенти е во рамките на Договорот што го имаат склучено Факултетот за медицински науки при УГД и Државниот универзитет во Самара, кој предвидува заедничка соработка, едукација и практична настава на студентите на клиниките во Самара, но истовремено престој на студенти од Самара во Штип. Самара е град со околу 3 милиони жители и се наоѓа во централниот дел на Русија, изобилува со богата историја и културни знаменитости, а Државниот универзитет е дел од извонредно богатиот и квалитетен високообразовен живот во регионот на Волга, во кој се наоѓа и градот Самара.

Студентите од ФМН во Самара престојуваат од 1 до 15 јули.

Последен пат изменето на Понеделник, 11 Јули 2016 13:33
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…