Во подготовка Годишниот зборник на трудови на Правен факултет

Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип објавува Повик за доставување на трудови за шестиот број на Годишен зборник на Правен факултет. За таа цел се покануваат и поттикнуваат сите научни работници од академската заедница, како и докторандите да учествуваат со свој ракопис во овогодишниот број на Годишен зборник.

Годишниот зборник ги промовира ракописите од правните, политичките и социолошките науки и е наменет за лицата од академската заедница, вклучувајќи ги докторандите. Годишниот зборник има меѓународен уредувачки одбор и во него може да се доставуваат ракописи на македонски, англиски и на руски јазик.

Повикот за доставување на трудови трае до 1 октомври 2016 г. и истите треба да се достават по електронски пат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

За дополнителни информации во врска со Повикот обратете се на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..   

Правилата за изработка на ракописите се составен дел на овој повик.

Последен пат изменето на Четврток, 07 Јули 2016 13:46
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…