Рангирањето е објавено овој месец на официјалниот сајт на Вебометрикс, а воедно се забележува и раст на УГД во овој дел во земјите од Европа. Рангирањето е потврда дека Универзитетот посветува особено внимание на развојот на науката и нејзината достапност.
Реномираната Вебометрикс рангирањето го прави според неколку критериуми. Критериумите за оценка се бројот на веб страници индексирани во Гугл, бројот и употребата на надворешни линкови, форматот на трудови кои се наоѓаат во репозиториумот и употребата на популарниот „Google Scholar“. УГД најмногу котира токму во употребата и видливоста на „Google Scholar.
Репозиторумот на УГД е електронска дата база на сите трудови кои ги пишуваат професорите и останатиот академски кадар на Универзитетот. Од самото формирање репозиториумот се профилираше во сериозна и професионална дата база која ќе им служи како на академската заедница така и на студентите. Репозиторумот може да се најде на следниот линк http://eprints.ugd.edu.mk.