Приказ на предметите според таг: УГД Живот
Промовирана книгата „И животот е сексуално пренослив“ на проф. д-р Вело Марковски
„И животот е сексуално пренослив“ е насловот на најновата книга на проф. д-р Вело Марковски, специјалист инфектолог, кој е вработен на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Според проф. д-р Марковски, сексуално преносливите заболувања се многу чести инфекции со огромни последици за здравјето на човекот од една страна, но и големите економски трошоци за лекување на овие болести и нивните импликации, кои секако оставаат сериозни последици и врз психолошката состојба и емоционалниот и социјалниот живот на заболениот.
Визитинг професор од Нови Сад предаваше префд студентите на Земјоделскиоот факултет
Во рамките на соработката која веќе три години ја имаат Земјоделскиот факултет и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип со Институтот за полјоделие и градинарство од Нови Сад, Србија, пред студентите на Земјоделскиот факултет во Штип предавање одржа проф. Д-р Јовица Васин, визитинг професор на УГД. Проф. Д-р Васин, кој е раководител на Лабораторијата за земјиште и агроекологија при Институтот за полјоделство и градинарство во Нови Сад ја ситакна одличната соработка која ја имаат двете институции од Македонија и Србија:
Декан на ТТФ: Имаме интеракција со индустријата во интерес на студентите и студиските програми ги приспособуваме на потребите на текстилната индустрија
Во серијалот разговори со деканите и продеканите на факултетите при УГД разговаравме со деканката на Технолошко-техничкиот факултет проф. д-р Винета Сребренковска. Деканката истакна дека овој факултет сите свои студиски програми ги приспособува на пазарот на трудот, односно на текстилната индустрија. Факултетот развива квалитетен однос со индустријата и секогаш се труди на студентите да им овозможи максимална практична настава. Секогаш се организираат различни настани во интерес на студентите.
Осма Туристичко-гастрономска изложба на ФТБЛ во Гевгелија
Факултетот за туризам и бизнис логистика по осми пат во Гевгелија ја одржа традиционалната Туристичко-гастрономска изложба на алтернативни форми за развој на туризмот. Изложбата се одржа во Хотел „Аполонија“, каде што учествуваа студентите на ФТБЛ, а ја проследија и голем број граѓани на Гевгелија.
Студентите на УГД заминаа на Универзијада во Белгија
Студентите - спортисти на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип заминаа на спортска Универзијада која се одржува од 26 до 30 април во Антверпен, Белгија. Пред да заминат за Белгија студентите имаа средба со проректорот за настава доц. д-р Кирил Барбареев. На Универзијадата заминаа 16 студенти, кои ќе се натпреваруваат во одбојка во женска конкуренција и во мал фудбал во машка конкуренција.