Визитинг професор од Нови Сад предаваше префд студентите на Земјоделскиоот факултет

Во рамките на соработката која веќе три години ја имаат Земјоделскиот факултет и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип со Институтот за полјоделие и градинарство од Нови Сад, Србија, пред студентите на Земјоделскиот факултет во Штип предавање одржа проф. Д-р Јовица Васин, визитинг професор на УГД. Проф. Д-р Васин, кој е раководител на Лабораторијата за земјиште и агроекологија при Институтот за полјоделство и градинарство во Нови Сад ја ситакна одличната соработка која ја имаат двете институции од Македонија и Србија:

Имаме одлична соработка со УГД, нашиот институт и УГД потпишаа договор за соработка уште во 2012 година. Во рамките на таа соработка имавме обуки во лабораторијата во Штип од страна на наш колега од Нови Сад, а јас сум ангажиран на Земјоделскиот факултет како визитинг професор и имам предавања пред студентите. Во неколку минати години доаѓав и имав презентации на нашата работа и резултатите од истражувањата на нашиот институт. Предавањата беа и од општиот педолошки дел, за квалитетот и класификацијата на земјиштето, но како што реков и за некои наши истражувања. Се надевам дека соработката со УГД ќе се продолжи и на некои други полиња, првенствено на меѓународни проекти, веќе имаме некои разговори и реалични теми, и соработката допрва ќе се интензивира. ОН ја прогласија минатата година за година на земјиштето, со цел да се зголеми свеста за значењето на земјиштето за човештвото и цивилизацијата, и тоа е темата на првото излагање. Второто е за една од најголемите закани за квалитетот на земјиштето како во Србија така и во Македонија, а тоа е опаѓањето на концентрацијата на органските материи, го имаме тој проблем подолги години и мораме да го решиме на некој научен начин.Сметам дека соработката која ја имаме е од извонредна важност, и размената на искуствата и информациите се значајни за подобрување на работата и на едната и на другата страна.

Последен пат изменето на Четврток, 28 Април 2016 11:52
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…