Одлучено е да се настапи со овие две екипи, затоа што се очекува дека со нив може да се направат најдобри постигнувања, со оглед на претходните резултати од настапите во Истанбул, Турција. Овие игри се од големо значење за студентите и УГД, бидејќи на некој начин се на рамниште на Олимписките игри, кога станува збор за универзитетите. Се очекува да настапат спортисти од 50 универзитети од 30 држави во Европа. Престојот и учеството на студентите на Универзијадата во Антверпен (Белгија) се комплетно поддржани и обезбедени од Универзитетот „Гоце Делчев“ и Универзитетскиот спортски центар.
Студентите на УГД заминаа на Универзијада во Белгија
- - Апр 26, 2016
Студентите - спортисти на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип заминаа на спортска Универзијада која се одржува од 26 до 30 април во Антверпен, Белгија. Пред да заминат за Белгија студентите имаа средба со проректорот за настава доц. д-р Кирил Барбареев. На Универзијадата заминаа 16 студенти, кои ќе се натпреваруваат во одбојка во женска конкуренција и во мал фудбал во машка конкуренција.
Одбележен под