Се покануваат да присуствуваат:
- актуелни и идни судски преведувачи,
- студенти на насоките за преведување и толкување,
- нотари, адвокати и сл.
Програма за настанот е следна:
- Сандра Ангеловска-Богатиноска како координатор на Работната група за судски превод на ЗПРМ ќе ги претстави предвидените промени со новиот Закон за проверка на знаењето на судските преведувачи.
- Соња Китановска ќе ги изнесе наодите од анализата направена во рамките на дипломскиот труд на тема „Судски превод - практиката и ставот на судските преведувачи и нивните клиенти во Р. Македонија“.
- Ана Попова-Манасиевска ќе подготви приказ на отворени прашања што претставуваат проблем при судскиот превод.
- Урош Ташев од Велес и Марија Секуловска од Кичево ќе испратат писмени прилози во врска со судскиот превод што ќе бидат претставени на работилницата.