- Планираме да организираме „Еразмус плус отворени денови“ и во нив ќе ги вклучиме студентите кои учествуваа во оваа програма, кои ќе го споделат своето искуство со останатите студенти. Ги поканувам и охрабрувам сите студенти да се пријават за наредниот повик. Отворените денови ќе се одржат на 21 и 22 април, а на 22 април ќе има и претставници од Националната агенција за европски образовни програми, кои ќе можат да одговорат на сите прашања на студентите.
Искуствата на студентите кои учествуваа во програмата Еразмус плус можете да ги погледнете во видеоприлогот.