ФТБЛ започна со посета на средните училишта во Македонија

Факултетот за туризам и бизнис логистика на 5 април (вторник) се претстави со презентација пред учениците од четврта година во Средното туристичко-угостителско училиште „Лазар Танев“ во Скопје.

На оваа промотивна акција беа презентирани потенцијалите на УГД, можностите и условите за студирање и постоечките студиски програми на дисперзираните студии во Скопје. Посебен акцент во презентацијата беше ставен на насоките Гастрономија, исхрана и диететика и Хотелско-ресторанска, кои се од интерес на учениците од „Лазар Танев“ поради продолжување на нивниот образовен процес во областа на туризмот.

Презентацијата е дел од промотивната кампања на ФТБЛ, која продолжува со делење на промотивен материјал и информирање на идните студенти преку посета и директни средби со учениците во средните училишта низ градовите во кои е присутен ФТБЛ, како Штип и Гевгелија, но и пошироко во Куманово, Велес, Радовиш, Кочани, Кратово, Валандово, Дојран, Свети Николе и др.

Последен пат изменето на Среда, 06 Април 2016 11:08
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…