Според Макридес, преку овие фондови и проекти се отвора можноста за пристап на универзитетите во можностите за вмрежување и примена на одредени иновации кои ги промовираат овие организации. Гостинот од Универзитетот во Никозија се сретна и со ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев:
- Средбата со ректорот е позитивна и тој сака да инвестира во вмрежувањето. Ние нудиме помош во тој поглед, како да се вмрежи УГД со други универзитети во Европа, и ќе помогнеме и во поглед на изготвување на програма за оформување на тим за соработка во поглед на европските фондови, како и за тренинг и обука на кадри од УГД изјави проф. д-р Грегорис Макридес.
- Нашиот гостин е дел од нашите партнери во проектот „Математичка дебата“ кој официјално стартуваше на 1 декември 2016 година, поддржан од Еразмус програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Нашата цел е пред колегите од УГД да говориме за подобро искористување на европските програми и фондови, не само од Еразмус, туку и од другите програми кои ги нуди Европската комисија, како што се Хоризонт 20 20 за истражување, програмата за културна размена, можностите за вмрежување меѓу универзитетите, со цел нашата меѓународна видливост како универзитет и како истражувачи да биде зголемена изјави деканката на Електротехнички факултет, проф. д-р Татјана Пачемска.
Предавањата што ќе ги има професорот Макридес ќе продолжат и на 24 и 25 јануари, а се одржуваат во конгресната сала на Правниот факултет во Штип.