Во исто време, проф. д-р Виолета Димова, раководител на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Штип, беше поканета од страна на управителката на Департманот за српска и компаративна книжевност да одржи предавање и работилница од областа на методиката на наставата на тема „Современата методологија и методичката наука во рамките на едукологијата“.
На предавањето и работилницата присуствуваа и активно учествуваа преку шеесет студенти на прв и на втор циклус студии, што го потврди интересот и потребата од понатамошна соработка и размена на искуства од сите области на книжевноста, јазикот и наставата.