Покрај делегацијата на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, цвеќиња пред спомен-релјефот на Гоце Делчев положија и институции што го носат неговото име, АРМ, претставници на политичките партии и на Организацијата на борците.
Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев, во својот говор истакна дека 4 мај 1903 година е еден од најтажните денови за македонската историја, кога Гоце Делчев загинува во селото Баница. Захариев вели се поставува прашањето каков ќе беше текот на Илинденското востание и Балканските војни доколку Делчев не бил убиен. Но, како што рече Захариев, неговите идеали се оставириле со НОБ и Револуцијата од 1941 до 1945 година.