„Предизвици во туризмот и бизнис логистиката во 21 век“ – Научна конференција на ФТБЛ

Факултетот за туризам и бизнис логистика на 24 и 25 октомври ја организираше својата Прва меѓународна научна конференција на тема „Предизвици во туризмот и бизнис логистиката во 21 век“ во Хотел „Аполонија“ во Гевгелија.

На Конференцијата учествуваа професори од Полска, Турција, Литванија, Србија, Бугарија и од Косово, како и од професори од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, Институтот за географија и Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Бизнис академија „Смилевски“, Електротехнички факултет и Ликовна академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Свои излагања претставија и студенти на втор и на трет циклус студии од Македонија, Србија и од Грција.
Организацискиот комитет го сочинуваа претставници од десетина земји од Европа. Деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Никола Димитров, истакна дека ова е само почеток кој ќе значи континуирано одржување средби и конференции во иднина, со цел развој на образованието и популаризација на туризмот.

Настанот беше спонзориран од Хотел „Аполонија“ - Гевгелија, Мотел „Сенатор“ - Гевгелија, Ресторан „Велвиција“ - Гевгелија, Хотел „Полин“ - Дојран, Винарија „Маркудови“ - Гевгелија, „Евита компани“ - Гевгелија, „Вори“ - Гевгелија, Пекарница „Бекарт“ - Гевгелија, Ресторан „Гранико“ - Дојран, Негорски Бањи и „Прилепска пиварница“ - Прилеп.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…