Студентите на ФТБЛ наградени на „Гастромак 2017“

Тројца студенти на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Александар Нацов, Кристијан Мијалковски и Ивана Горгиева, добија награди и признанија на Вториот интернационален гастрономски натпревар „Гастромак 2017“, што се одржа во хотел „Вила парк“ во Струмица.

Врвни кулинарски шефови си ги одмерија силите во три натпреварувачки дена - 25, 26 и 27 октомври, во 33 категории, поделени во четири сегменти: топло и ладно готвење, карвинг (изработка на фигури од овошје и зеленчук), како и приготвување пица. Во исто време, во едукативниот дел, десетина експерти одржаа повеќе мастер-класови.

Натпреварот се одржa под мотото „Залче од светските вкусови“ и, практично, под универзалното знаме на гастрономијата се обедини светската готвачка елита претставена од судии, натпреварувачи и гости од триесетина земји: Португалија, Русија, Италија, Чешка, Велика Британија, Полска, САД, Канада и секако од Македонија.

Студентите на УГД се натпреваруваа во повеќе категории: национално јадење на модерен начин, пилешко, риба и ресторански десерт. Тие ги освоија следниве медали во различни конкуренции: Александар Нацов во категоријата национално на модерен начин – сребрен медал; Ивана Горгиева во категоријата национално на модерен начин – сребрен медал; Кристијан Мијалковски во категоријата национално на модерен начин – бронзен медал; Александар Нацов во категоријата риба – мерит; Кристијан Мијалковски во категоријата пилешко – бронзен медал и Ивана Горгиева во категоријата ресторански десерт – мерит.

 

Последен пат изменето на Четврток, 09 Ноември 2017 13:41
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…