Поводот на посетата беше потпишување Меморандум за соработка меѓу Универзитетот и Здружението. Според претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, соработката ќе означи зајакнување на новите генерации на студенти по новинарство каде што преку работилници, обуки и други облици на доградување подмладокот на новинарската фела ќе се стекне со поголема стручност во професијата. Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, ја поздрави ваквата соработка меѓу Здружението и Универзитетот и пројави целосна поддршка на слободата на изразување како клучен сегмент во работата на Универзитетот во сите негови подрачја.