- Во рамките на денешното предавање полковникот ќе ни објасни што претставува НАТО. Тоа е начин да ги приближиме студентите со основите на НАТО, која е основата, кои се функциите, проширувањата и така натаму. Целта е да имаме појасна слика за НАТО и за интеграциите на НАТО. Денес господинот Бароне ќе ни ги опише општите карактеристики на НАТО. Ќе ги објасни и преклопувањата на надлежностите на НАТО и ЕУ и ќе ја долови улогата на НАТО во моментот и улогата на НАТО во иднина - истакна проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска од Правниот факултет при УГД.
Главните прашања на студентите и на присутните се однесуваа на Македонија - кога би можела да се интегрира во НАТО и решавањето на спорот со Грција. Настанот се одржа во свечената сала на Правниот факултет.