Потпишан Меморандум за соработка на УГД и Царинската управа на Р. Македонија

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Царинската управа на Р. Македонија имаат широк дијапазон на можности за соработка, што ќе ги вклучува како стручниот кадар, така и студентите на УГД.

Ова го потврдија директорот на Царинската управа на РМ, м-р Ѓоко Танаскоски, и ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, при потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу двете институции. Директорот на Царинската управа Танаскоски во рамките на посетата на УГД имаше и предавање пред студентите на Економскиот факултет.

Денес имав чест на покана на УГД да одржам предавање на Економскиот факултет, за надлежностите и организираноста на Царинската управа и, секако, да ги презентираме резултатите од работењето во изминатиот период. Она што е уште поважно е дека потпишуваме Меморандум за соработка за да им овозможиме на студентите да имаат практична настава во Царинската управа и секако она што сметаме дека и за нас ќе биде придобивка, а тоа е научноистражувачка дејност во склоп на царинското и акцизното законодавство. Ние како Царинска управа ќе излеземе во пресрет за да можат што поголем број студенти да бидат вклучени во практичната настава, а сето тоа ќе го договараме со Економскиот факултет и Универзитетот „Гоце Делчев“ – изјави директорот на Царинската управа, м-р Ѓоко Танаскоски.

Студентите во иднина ќе имаат подобри резултати и квалификации благодарение на знаењата кои ќе ги имплементираат преку практична настава, благодарение на овој Меморандум за соработка, смета ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

- Имаме убава можност денеска да бидеме домаќини на директорот на Царинската управа на РМ и да потпишеме Меморандум за соработка во насока на тоа знаењата кои се генерираат на Универзитетот  да бидат имплементирани во органите на државната управа, а од друга страна и нашите студенти да имаат каде да ја остваруваат својата пракса во поглед на нивните знаења стекнати на Економскиот факултет при УГД. Се надевам дека оваа соработка ќе биде успешна и дека студентите од неа ќе имаат добри резултати во нивната практична оспособеност за да можат утре како готови кадри да бидат активно вклучени во нормалното живеење во државата и во работењето на системот на јавните органи на државата Република Македонија – изјави ректорот Боев.

Последен пат изменето на Четврток, 19 Април 2018 14:58
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…