(Видео) Почна првиот уписен рок на УГД

Добра заинтересираност во првиот ден од првиот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“. Според првичните информации само во првиот ден се пријавени од 500 до 600 кандидати за упис на факултетите на УГД.

Уписите се започнати денеска, а ќе траат до понеделник (3 септември), а според Конкурсот има 5037 слободни места на 12 факултети и 3 академии.

  • На првиот ден од уписите има повеќе од 500 до 600 заинтересирани кандидати. Тоа е според очекувањата на Универзитетот. Ако се прават некои ранг-листи за интерес, на Факултетот за медицински науки има најголем интерес за студирање, но и кај сите факултети постои интерес - рече проректорот на УГД проф. д-р Кирил Барбареев.

Проректорот потсети дека Универзитетот оваа година на најдобро рангираните средношколци им доделува голем број стипендии.

  • Оваа година доделуваме преку 130 стипендии на најдобро рангираните средношколци. Во текот на наредните денови сите кандидати ќе ги добиваат информациите на веб сајтот на УГД и преку нашите служби. Отприлика бројката на кандидати е слична со онаа од лани - изјави проректорот Барбареев.

И оваа година има интерес од странски студенти. Преку 100 студенти од странство треба да станат дел од УГД. Најголем дел од нив се од Турција, но има интерес и од Грција, Србија и од Бугарија. Уписите продолжуваат до крајот на оваа недела и во понеделник. Конкурсот може да се најде на веб сајтот на Универзитетот, а сите кандидати резултатите и прелиминарните рангирања можат да ги најдат исто така на веб-страницата

Видео

Последен пат изменето на Среда, 29 Август 2018 15:30
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…