Во таа насока, и најмладите имаат отворени врати за посета на УГД. Таа можност ја искористија ученици од ООУ „Гоце Делчев“ во Кавадарци кои го посетија Ректоратот на УГД, ја рагледаа спомен-собата на револуционерот Гоце Делчев, а имаа и интересна средба со проректорот за настава проф. д-р Кирил Барбареев и студентите од Факултетот за образовни науки.
За приемот учениците и наставниците изразија благодарност:
„Учениците од III б и III в при ООУ 'Гоце Делчев' - Кавадарци на 25.10.2018 г. беа во посета на Универзитетот 'Гоце Делчев' - Штип.
Детските насмевки говореа за топлото добредојде од страна на ректорот проф. д-р Блажо Боев и проф. д-р Кирил Барбареев.
Професорот Барбареев на негов својствен начин и речник приспособен на детската возраст ги поведе учениците на патување низ волшебното царство во длабочините на земјата.
Голема Благодарност од учениците и нивните наставници до Ректоратот при УГД – Штип за ширум отворените порти на идните универзитетски граѓани“.