На дебатата како говорници беа Розета Трајан, експерт за судир на интереси и борба против корупцијата, Јасна Бачовска, професор на Правниот факултет во Скопје, Иван Бојаџиски, новинар, Весна Коловска, главен и одговорен уредник на Канал 77, Игор Стојанов, главен и одговорен уредник на УГД ФМ и Тони Михаилов, координатор на ЗНМ Исток.
На дебатата стана збор за лажните вести и колку тие влијаат во едно демократско општество и како можеме да ги препознаеме и да се справиме со нив. Панелистите констатираа дека лажните вести се глобален феномен кој не ја одминува Македонија и затоа мора да се работи на голема медиумска едукација на јавноста. Медиумската писменост како форма се воведува во некои држави уште во основно образование и затоа е важно да се работи на воведување и кај нас. Најмногу несогласувања меѓу говорниците имаше во делот за контрола на интернет просторот и новите медиуми. Некои сметаа дека е потребна контрола, додека пак други сметаа дека такво нешто ќе доведе до загрозување на слободата на говор. Целата дебата проследете ја на видеото во продолжение.