Одбележани 147 години од раѓањето на Гоце Делчев

Со пригоден говор и положување свежо цвеќе на спомен-релјефот на Гоце Делчев денес беше одбележан 4 февруари - денот на раѓањето на Гоце Делчев.

Положувањето на цвеќето се одржа во дворот на Ректоратот на УГД, а како претставници од Универзитетот цвеќе положија ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев и проректорите проф. д-р Кирил Барбареев и проф. д-р Дејан Мираковски.

Идеологот на македонската револуционерна борба е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското востание. Тој бил против прераното започнување на востанието и заедно со својата чета ја обиколувал Македонија за да ја согледа состојбата.


Последен пат изменето на Понеделник, 04 Февруари 2019 14:21
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…