Одбојкарите на УГД со настап во четврт-финалето на Купот на Македонија

Во рамките на четврт-финалето на Купот на Македонија, одбојкарите на „УГД студент“ ќе играат против „ЏИО“ - Струмица кој воедно е и актуелен шампион. Тимот на „ЏИО“ ја има улогата на фаворит.

  • Нѐ чека тежок натпревар против шампионот. Очекуваме голема посетеност и поддршка за нашите одбојкари. Ова ќе биде голем натпревар за нашиот тим, кој е составен претежно од млади играчи, студенти кои студираат на УГД, кои ќе имаат можност да играат против најдобриот тим во Македонија - изјави секретарот на „УГД студент“, Методи Папаров.

Овој натпревар ќе биде одигран во среда, од 18 часот, во спортската сала „Јордан Мијалков“.

Одбојкарките во истата фаза ќе играат против „Работнички“ од Скопје, во четврток од 19 часот. Екипата на „Работнички“ моментално е првa на табелата во лигата. Ова се први четврт-финални натпревари, а наредната недела ќе бидат одиграни и реванш натпреварите.

Последен пат изменето на Вторник, 05 Март 2019 15:30
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…