(Видео) Студентите ги претставија своите факултети пред средношколците

Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ на денот на УГД - 27 март на штандови ги претставија своите факултети пред средношколците и јавноста.

Настанот се одржа на платотo пред Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Сите 12 факултети и 3 академии се претставија со дел од својата работа и активности. Студентите на штандовите ги изложија своите достигнувања, награди, производи кои ги имаат изработено и ги претставија пред јавноста. Средношколците и јавноста најмногу се интересираа за можностите што им се нудат и за студиските програми. Универзитетската телевизија го посети секој штанд и ги прашавме студентите за тоа што нуди нивниот факултет.

 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…