- Драго ми е што почнуваме со дебата во Штип, затоа што овде има многу паметни млади луѓе и вреди да се зборува со нив. Неколку години редовно држев предавања овде во Штип и се покажа дека овде има многу луѓе кои можат да ја водат државата. Ние од Министерството за финансии започнуваме повеќе едукативни настани каде што гледаме да зборуваме за јавните финансии. Оваа дебата е сржта на јавните финансии - изјави во својот говор министерот Драган Тевдовски.
Организатори на оваа дебата беа Фондацијата „Фридрих Еберт“ и Економскиот факултет. Ова е прва од овој серијал дебати кои ќе се одржуваат низ цела Северна Македонија.
- Фондацијата „Фридрих Еберет“ во рамките на своите политики се залага за правично и еднакво општество, а ние веруваме дека со функциите на даночната политика тоа може де се постигне. Затоа предвидовме серија на дебати со студентите на економските факултети, почнувајќи со Универзитетот во Штип. Министерот, директорката на УЈП, професори и студенти дискутираа за тоа што се даноци, какви даночни стапки може да има и како тие влијаат врз социоекономските текови во државата и како преку прогресивното оданочување да се оди кон поправично општество - изјави Ивана Вучкова од Фондацијата „Фридрих Еберт“.
Настанот беше посетен од голем број студенти, но и од бизнис заедницата, економисти и професори кои исто така имаа многу прашања до министерот. Најголем дел од прашањата се однесуваа на повратокот на ДДВ-то и пријавувањето на данокот.
Дебатата на почетокот ја поздрави и ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, кој истакна дека ова е една исклучително важна тема за развојот на нашето општество и дека Универзитетот во Штип е секогаш отворена институција во која без цензура може да се говори на сите теми.
Галерија
Видео