Првиот уписен рок ќе трае до 2 септември, а документите се примаат на приемни места во:
- Штип, за сите факултети и студиски програми, во фоајето на Центарот за култура „Ацо Шопов“;
- Струмица, Наставен центар на УГД, ул. „Гоце Делчев“ бб за Правен факултет, Економски факултет, Земјоделски факултет, Филолошки факултет и Машински факултет;
- Скопје, Наставен центар на УГД, бул. „Александар Македонски“ 24 за Факултет за туризам и бизнис логистика;
- Радовиш за Електротехнички факултет;
- Кавадарци, Наставен центар на УГД, ул. „Шишка“ бр. 25 за Земјоделски факултет, Факултет за информатика, Факултет за природни и технички науки;
- Прилеп, Наставен центар на УГД, ул. „Леце Котески“ бб за Земјоделски факултет, Факултет за природни и технички науки иТехнолошко-технички факултет;
- Гевгелија, Наставен центар на УГД, ул. „7 ноември“ бб за Факултет за туризам и бизнис логистика.
Корисен линк „Уписи 2019-2020 г.“