Ден на старт-ап бизниси на ФТБЛ

Факултетот за туризам и бизнис логистика неодамна организираше Ден на старт-ап бизниси.

Студентите кои имаат претприемнички дух и визија за започнување на сопствен бизнис имаа можност преку активен повик од организаторите да достават своја бизнис-идеја. Меѓу организаторите на овој настан беше и Центарот за климатски промени во Гевгелија. Постапката за избор на бизнис идеите се одвиваше во неколку фази. Во првата фаза заинтересираните студенти електронски ги доставија концептите за бизнис идеи, со краток опис на бизнис идејата, а на денот на настанот студентите ги разработија своите бизнис планови, подготвија детален опис на бизнис-идејата и истите ги презентираа. На настанот учествуваа 30 студенти од насоките Туризам и Бизнис логистика, а 14 студенти пријавија своја бизнис-идеја.

Најдобрите бизнис-идеи ќе бидат оценети според претходно објавениот критериум со поени од страна на организаторите.

За трите најдобри и иновативни идеи ќе следува награда која ќе се однесува на обезбедување на менторство и консултации околу започнувањето бизнис со времетраење од еден, два и три месеци. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени по одржувањето на настанот Ден на старт-ап бизниси.

Целта на конкурсот и настанот е да се унапреди претприемништвото и да се намали невработеноста преку стимулирање на претприемничките способности кај младите.

Последен пат изменето на Среда, 30 Октомври 2019 13:55
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…