EQAF е годишна конференција на која различни засегнати страни од областа на обезбедување на квалитет во образованието се среќаваат за размена на искуства и дискутираат за определени теми поврзани со квалитетот во образованието. Овогодишната тема на конференцијата беше „Поддршка на социјалната вклученост на високото образование“.
Проректорот за настава и студенти, проф. Мишко Џидров, беше дел од истиот и имаше шанса да научи и размени искуства и да се запознае со други кои работат во областа на квалитетот во високото образование во Европа.
Фокусот на форумот беше кон тоа да се обезбеди врска со општеството преку т.н. „трета мисија“ на универзитетите, односно ангажирање во заедницата.
Темите опфатени во различни сесии вклучуваа одржливост, вклученост на поддржувачи, инклузија и родова еднаквост, иднина и трендови во квалитетот во високото образование и друго. Сублимирани беа резултатите од EUA евалуациите во високообразовните институции низ Европа. Европска Унија на студенти (ЕСУ) претстави начини преку кои студентите од цела Европа работат на обезбедување на квалитетот во високото образование и различните методи и системи за вклучување на студентите во оваа важна работа.
На форумот учествуваа 520 претставници од 42 земји, меѓу кои најбројни беа од Европа, но имаше претставници и од Азија и од Латинска Америка.