Книгите се дел од библиотеката Филозофија на издавачката куќа „Аз-Буки“, односно 70, 71, 72 издание од оваа најзначајна филозофска едиција во нашата земја.
Организатори на промоцијата се Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ, Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, Филозофското друштво на Македонија и Издавачкaта куќа „Аз-Буки“.
Настанот е поддржан од Амбасадата на Руската Федерација во Република С. Македонија. Собирот ќе го поздрави амбасадорот на Руската Федерација во Република С. Македонија, Н.Е. Сергеј Баздникин.
Промотор на оваа студија на професорот на Факултетот за образовни науки на УГД, д-р Трајче Стојанов, ќе биде проф. д-р Ристо Солунчев.
Промоцијата ќе се одржи со почеток во 11 часот.