При крајот на месец јуни 2019 година, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, проф. д-р Блажо Боев, заедно со проректорот за развој, инвестиции и одржување, проф. д-р Дејан Мираковски и професорот на Катедрата за турски јазик, проф. д-р Махмут Челик, остварија средба со ректорот на Државниот Тракиски Универзитет и генералниот конзул на Република Северна Македонија во Истанбул, г. Александар Христов во Ректоратот на Тракискиот Универзитет во Едрене.
На средбата се разговараше за спроведените досегашни активности за отворање на Катедра по македонски јазик и книжевност во состав на Катедрата за балкански јазици и книжевност при Филолошкиот факултет на Тракискиот универзитет.
Тракиски Универзитет во Едрене