- Среќен сум што сум овде, а тука сум како последица на студентка од Штип која дојде на размена во Загреб и работеше со мене. Таа предложи јас да дојдам овде и еве сега сум овде како резултат на таа иницијатива, изјави професорот Анте Милиќ.
Семинарот кој се одржа во Штип се однесуваше на класичната музика, а рециталот кој професорот го одржа во концертната сала на Музичката академија се однесуваше на презентација на некои хрватски автори, но и автори од класичната музика.
- Во текот на сите овие денови се одржуваше тој мастер клас кој беше посетен и од средношколци и од студенти. Мислам дека импресиите од студентите се очигледно позитивни. Се работеше од технички аспект, но и отварање на некои нови имагинативни светови за нив, изјави проф. Д-р Ангеле Михајловски.
Професорот Милиќ е овде како резултат на иницијатива на студентката Карла Биков од Музичката академија која минатата година била на Еразмус размена во Загреб, а токму професорот Милиќ и бил професор по пијано.
Семинар и концерт