- Електронската платформа за пријавување на идните студенти на УГД од 1 јули ќе биде активна и на неа ќе можат да пристапат сите заинтересирани завршени средношколци кои сакаат своето образование да го продолжат на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Конкурсот е објавен, бројката на слободни места оваа година е малку намалена, но ние сметаме дека таа е доволна. Сепак треба да споменеме дека оваа година е специфична по она што се случува во поглед на глобалната пандемија од ковид-19 и мислам дека тоа е предзвик за сите универзитети, секако и за нас, а ќе биде предизвик и за уписите. Затоа ние, сакајќи да одговориме на кризата во поглед на тоа дека има многу ограничувачки мерки во поглед на движењето на младите, студентите, треба да се гарантира безбедноста, заштитните средства, протоколите кои се донесени од страна на Владата, мислиме дека електронската платформа која ја ставаме во функција од 1 јули и која е потполно функционална за пријавување и запишување на студенти, ќе даде одговор на прашањето што се случува на УГД. Таа платформа ќе ја работиме два месеца, до крајот на август, кога водејќи сметка за тоа што се случува со пандемијата, доколку условите бидат подобри за да овозможат да се реализираат физички уписи, ќе бидат отворени и пунктовите за уписи на крајот од август. Меѓутоа, сепак ќе ги следиме состојбите со пандемијата и доколку имаме услови за тоа ќе го направиме, а доколку не, комплетното запишување ќе биде на електронската платформа на УГД. Електронските алатки на УГД се покажаа исклучително успешни и мислам дека ние како универзитет добро се покажавме во изминатите три месеци во поглед на онлајн реализирање на наставата, колоквиумите, испитите. Тоа е така поради тоа што цело време на УГД се поддржуваат технологиите и големата зајакнатост на овие технологии овозможи УГД полесно да се снајде во оваа ситуација, иако во голем дел тоа не е реален одговор на она што би се случувало во предавалните – изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.
УГД и годинава за 300 најдобро рангирани кандидати на студиските програми обезбеди бесплатно студирање во прва година. За нив партиципацијата ќе биде платена од фондовите на Универзитетот, и тоа е значаен момент за поддршка на студентите.
Разговорот со ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, можете да го погледнете во прилог.