(Видео) Прв уписен рок на УГД, oд денес отворени повеќе пунктови за прием на документи

Покрај електронското пријавување, кое се одвива веќе подолго време, УГД од денес отвори и физички пунктови за прием на документи во првиот уписен рок.

Според актуелниот Конкурс слободни се 3831 место на сите 12 факултети и 3 академии при УГД. Пријавувањето во овој прв уписен рок се одвива според сите протоколи за заштита на идните студенти. 

- За да се поедностави целиот процес студентите треба да направат профил на нашата веб-страница, да ги поднесат сите пријави, да ги направат сите електронски плаќања, да ги внесат своите оценки и следен чекор е да ги достават и физички своите документи. Сите оние кои не можат да се снајдат нека се упатат во некој од нашите наставни центри и ќе им помогнеме да ги испроцесираат документите. Првиот уписен рок е од 24 август до 1 септември. Ова е период кој студентите треба да го искористат за да ги донесат своите документи. На веб-страницата на УГД ги има сите потребни информации - изјави проректорот за настава на УГД, проф. д-р Мишко Џидров.

И оваа година Универзитетот „Гоце Делчев“ доделува стипендии на најдобрите кандидати. 210 студенти ќе добијат бесплатна школарина во првата година од студирањето, исто така и за студентите од ромска националност. 

Сите информации поврзани со уписите на УГД можат да се најдат на веб-страницата на Универзитетот, воедно да се најдат и линковите за пријавување.


 

Последен пат изменето на Вторник, 25 Август 2020 09:59
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…