Трудовите презентирани на конференцијата говореа за системот на миграција и азил во Германија, како и за пресекот на сегашната ситуација, статусот не непридружувани малолетници, но и за социјалните аспекти поврзани со интеграцијата на бегалците и на мигрантите во општествата.
Во овие рамки, како претставници и стејкхолдери од пошироката мрежа на МАПС проектот за УГД учествуваа Мерсиха Смаиловиќ од невладината организација ЛЕГИС и Зоран Дранговски од Македонската асоцијација на млади правници. Темите со кои се приклучија кон дебатата беа „Бегалците за време на КОВИД-19“ и „Балканската рута – 5 години подоцна“. Презентациите побудија особен интерес кај учесниците заради актуелноста на третираните прашања.